ТУСК: ПОЛСКА Е НАЈБЛИСКУ ДО ВОЕН КОНФЛИКТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – Русија вели дека обвинувањата се неосновани
Тој потврди дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО, очекувајќи конкретни чекори од сојузниците.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека земјата е „најблиску до вооружен конфликт од Втората светска војна“, пренесе „Скај њуз“.
Тој потврди дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО, очекувајќи конкретни чекори од сојузниците.
Минатата ноќ биле регистрирани 19 повреди на полскиот воздушен простор, од кои четири дронови биле соборени, дел од нив влегле од правец на Белорусија.
Рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, рече дека Полска никогаш не доставила докази дека Русија го нарушила воздушниот простор на земјата.
„Сметаме дека обвинувањата се неосновани. Не се презентирани докази дека овие беспилотни летала се од руско потекло“ – Изајави Андреев
CATEGORIES Свет


