ТУСК МУ КАЖА НЕ НА ТРАМП – Полска надвор од Мировниот комитет
Премиерот Доналд Туск вели дека Варшава има национални сомнежи, но ќе продолжи да ја анализира иницијативата

Полска во моментов нема да се приклучи на Мировниот комитет предводен од САД, но ќе продолжи да ја анализира можноста, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
„Имајќи предвид одредени национални сомнежи поврзани со формата и начинот на функционирање на комитетот, под сегашните околности Полска нема да учествува во неговата работа. Сепак, ќе продолжиме внимателно да ја разгледуваме оваа иницијатива“, изјави Туск на владина седница.
Како што беше најавено претходно, американскиот претседател Доналд Трамп подоцна овој месец ќе го свика инаугуративниот состанок на новоформираниот Мировен комитет во Вашингтон. Главниот фокус на состанокот ќе биде собирање средства за обнова на Појасот Газа.
На состанокот, закажан за 19 февруари, се очекува да присуствуваат светски лидери кои ја прифатиле поканата на Трамп, како и членови на извршниот комитет што ќе биде задолжен за управувањето, безбедноста и обновата на Газа, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.


