„ТУРКИШ ЕРЛАЈН“ СТАНУВА АКЦИОНЕР ВО ШПАНСКАТА „ЕР ЕВРОПА“ – Договор вреден 300 милиони евра, чека одобрување од шпанската влада

Понудата е доставена до „Глобалија“, која поседува 80% од „Ер Европа“, додека останатите 20% се во сопственост на „ИАГ“ (Бритиш ервејс).

„ТУРКИШ ЕРЛАЈН“ СТАНУВА АКЦИОНЕР ВО ШПАНСКАТА „ЕР ЕВРОПА“ – Договор вреден 300 милиони евра, чека одобрување од шпанската влада

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ објави дека ќе вложи 300 милиони евра за стекнување на 26% малцински удел во шпанската „Ер Европа“. Процесот на трансакцијата е започнат и се очекува да заврши во рок од шест до дванаесет месеци, по добивање одобрение од регулаторите и шпанската влада.

Понудата е доставена до „Глобалија“, која поседува 80% од „Ер Европа“, додека останатите 20% се во сопственост на „ИАГ“ (Бритиш ервејс). Договорот следи по повлекувањето на „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“ од претходните преговори.

Од „Туркиш ерлајнс“ велат дека соработката ќе ја зајакне нивната глобална мрежа со силната позиција на „Ер Европа“ на Пиринејскиот Полуостров и Латинска Америка, што ќе овозможи побрз раст и нови канали за приходи.

Минатата година „ИАГ“ се повлече од планот за целосно преземање на „Ер Европа“ поради регулаторни ограничувања.

CATEGORIES
Share This