ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО УЧИЛИШТЕ – Директорката а АХВ Андоновска нареди итна истрага, инспекцијата е на терен
Вонреден надзор: Кујната во основното училиште привремено затворена по пријави за труење

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, денеска спроведуваат вонреден надзор во кујната на основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по добиено известување дека поголем број ученици се пожалиле на стомачни болки.
За да се утврди потенцијалниот извор на труењето, кујната во училиштето е привремено затворена.
„Согласно Националниот протокол за постапување при сомнеж за труење со храна, ќе се спроведе епидемиолошка анкета, а ќе се земат и мостри од храната, работните површини, приборот и машините за лабораториско тестирање“, соопшти АХВ.
Инаку, екипа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), составена од техничар и епидемиолог, сè уште е на терен во скопското ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, по пријавите за стомачни тегоби кај учениците.
Се огласи и директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, кој изјави дека се земени брисеви од раце, нос и грло на вработените во училишната кујна, како и од работните површини. Исто така, земени се мостри од храната што ја консумирале децата и од водата, на нивно инсистирање.
„Јас сум во постојана комуникација со нашите тимови на терен. Екипата сè уште не се вратила, па не можам да дадам конкретни резултати. Но, веднаш се постапи според сите протоколи. Ако биде потребно, ќе се работи и втора смена за да се утврди точниот причинител“, изјави Андоновска.
Таа додаде дека добиле девет пријави за стомачни тегоби кај ученици, додека засега нема пријави за симптоми од страна на вработените.
Покрај ИЈЗ, во училиштето вршат инспекциски проверки и екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).


