ТРОЈНА ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП – увид по двојно убиство и самоубиство во семејна куќа

ТРОЈНА ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП – увид по двојно убиство и самоубиство во семејна куќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во куќа во центарот на градот, каде што беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните информации, 63-годишниот маж најпрво го убил својот внук од сестра и неговиот татко – инаку негов зет – поради длабоки семејни недоразбирања и нерешени имотни спорови. По двојното убиство, напаѓачот ги објавил мотивите на социјална мрежа, а потоа си го одзел животот.

Јавниот обвинител наредил обдукција на телата, како и прибирање и вештачење на сите пронајдени траги, оружје и муниција на местото на трагедијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This