ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ВАРДАРИШТЕ – Одреден им е притвор
Тројцата лица вршеле нелегален откуп на старо железо, акумулатори и други метални производи на импровизирани пунктови, без регистрирано правно лице и без дозвола за работа која ја издава Министерството за животна средина.

СВР Скопје во координација со Обвинителството спроведе акција на локацијата Вардариште, каде со години постојат диви отпади. По извршените претреси, поднесени се кривични пријави против тројца скопјани – М.М. (54), А.А. (28) и Ф.А. (41) – поради сомнение за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Според истрагата, осомничените подолг период до 2 септември 2025 година на улица „Зендел Џемаил“ во Скопје создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што го загрозиле квалитетот на почвата и воздухот, а воедно предизвикале опасност за здравјето на граѓаните.
Тројцата лица вршеле нелегален откуп на старо железо, акумулатори и други метални производи на импровизирани пунктови, без регистрирано правно лице и без дозвола за работа која ја издава Министерството за животна средина.
Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор за сите тројца осомничени, кои се префрлени во затворот „Скопје“.


