ТРИЛАТЕРАЛЕН СОСТАНОК – Украинската позиција јасна, Русија спремна за крај на војната

Претседателот истакна дека главната цел е крај на конфликтот што Русија сама го започна.

ТРИЛАТЕРАЛЕН СОСТАНОК – Украинската позиција јасна, Русија спремна за крај на војната
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа објави дека во Обединетите Арапски Емирати се одржал состанок помеѓу американската, украинската и руската делегација. Целта на состанокот е да се дискутира за можностите за завршување на војната во Украина.

„Украински претставници ме контактираат речиси секој час, бидејќи моментално се во Емиратите. Денес се одржа трилатерален разговор меѓу украинската, американската и руската делегација. Ова е важно, бидејќи долго време немало вакви формати на состаноци“, рече Зеленски.

Претседателот истакна дека главната работа е што Русија е подготвена да ја заврши војната што ја започна, исто како што и Украина сака крај на конфликтот. Позициите на Украина се јасни и Зеленски ја дефинирал рамката за дијалог за украинската делегација.

Делегацијата постојано е во контакт и ја сочинуваат: Рустем Умеров, Кирило Буданов, Давид Арахамија и Серхиј Кислиција. Зеленски најави дека утре ќе им се приклучат генерал Хнатов, началник на Генералштабот, и претставник на Службата за разузнавање на Министерството за одбрана, Скибицки.

CATEGORIES
TAGS
Share This