ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Владата на чекор до одлука

Министерот Азир Алиу открива дека се разгледуваат три можни решенија – реконструкција, нова градба или преселба на Клиничкиот центар кај „8 Септември“.

ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Владата на чекор до одлука
Фото: Национал

Министерот за здравство Азир Алиу во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека во моментов се разгледуваат три можни решенија за новиот Клинички центар во Скопје: Реконструкција на постоечкиот комплекс, изградба на целосно нов клинички центар на нова локација и преместување и изградба на нов комплекс кај „8 Септември“.

Алиу нагласи дека станува збор за рана фаза и дека конечната одлука ќе ја донесат експертите, кои ќе ја оценат инфраструктурата, пристапноста, финансиските можности и поврзаноста со Медицинскиот факултет.

Во однос на проектот со Обединетото Кралство, министерот информира дека првата фаза вредна 205 милиони евра опфаќа нова зграда во Кичево, реновирање и нови објекти во Тетово и Штип, како и нов факултетски објект во Штип.

Следната фаза ќе вклучи анализа на останатите регионални здравствени институции со цел да се спроведе регионализација и дисперзија на здравствените услуги.

Алиу најави и дигитализација и реформи во здравството, вклучувајќи подобрувања во системот „Мој термин“, воведување електронски рецепти и упати, како и решенија за недостигот на лекари и термини. Премиерот ја оцени локацијата на „8 Септември“ како одлична, а Алиу вели дека конечната одлука ќе ја донесат експертите откако ќе се направи целосна анализа

CATEGORIES
TAGS
Share This