ТРИ ПАТИ ОСУДУВАН – Саркози конечно оди во затвор

Иако Саркози упорно тврди дека е невин, тој беше прогласен за виновен за криминален заговор поради обидите на неговите блиски соработници да обезбедат пари од Либија, во времето кога со таа земја владееше Моамер Гадафи.

ТРИ ПАТИ ОСУДУВАН – Саркози конечно оди во затвор
Фото: Принтскрин

Поранешниот француски претседател Никола Саркози следната недела ќе започне со издржување на петгодишна затворска казна во Париз, поради пресудата за криминален заговор поврзан со нелегално финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година, јави телевизијата RTL, а пренесе Ројтерс.

Саркози треба да биде префрлен во затворот „Париз Санте“ на 21 октомври. Од канцеларијата на финансискиот обвинител во Париз засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација.

Судиите при изрекувањето на пресудата нагласија дека станува збор за случај со „екстремна сериозност“. Иако Саркози упорно тврди дека е невин, тој беше прогласен за виновен за криминален заговор поради обидите на неговите блиски соработници да обезбедат пари од Либија, во времето кога со таа земја владееше Моамер Гадафи.

Ова е трет пат поранешниот француски лидер да биде осуден по обвиненија поврзани со корупција и измама.

CATEGORIES
TAGS
Share This