„ТРИ МАРИИ“ ОД ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА ИЗБРАН ЗА РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА 2025 Во конкуренција беа 46 романи
Авторката се заблагодари на жирито и истакна дека романот е инспириран од делото „Две Марии“ на Славко Јаневски.

Оливера ЌорвезироскаРоманот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на Арс Либрис (дел од Арс Ламина – публикации), е добитник на наградата Роман на годината за 2025 година, што ја доделува Фондација „Славко Јаневски“. Наградата беше соопштена во просториите на Друштво на писателите на Македонија.
Авторката се заблагодари на жирито и истакна дека романот е инспириран од делото „Две Марии“ на Славко Јаневски. Таа порача дека и по наградата ќе продолжи „трипати да чита, а еднаш да пишува“.
За „Три Марии“, Ќорвезироска ги доби и наградите Стале Попов и Рациново признание, со што стана првиот македонски автор што освоил три престижни признанија за едно дело.
Романот раскажува три одделни приказни за три жени со истото име – Марија, сместени во современо Скопје, со мотиви од македонскиот фолклор и традиција.


