ТРЕТА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА Поранешен функционер паднал од прозорец во Москва

Работел во повеќе државни институции за транспорт и инфраструктура, а во 2022 година станал заменик-шеф, а потоа и претседател на Комитетот за транспортна инфраструктура во Санкт Петербург.

ТРЕТА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА Поранешен функционер паднал од прозорец во Москва
Фото: Принтскрин

Телото на поранешниот претседател на Комитетот за развој на транспортната инфраструктура, Александар Федотов, е пронајдено во Москва, јавуваат руските медиуми. Се претпоставува дека починал откако паднал од прозорец на хотел во близина на аеродромот Шереметјево, каде што престојувал.

Федотов е поранешен офицер – дипломиран на Воениот транспортен универзитет и пензиониран со чин капетан. Работел во повеќе државни институции за транспорт и инфраструктура, а во 2022 година станал заменик-шеф, а потоа и претседател на Комитетот за транспортна инфраструктура во Санкт Петербург. Во април 2024 година поднесе оставка од функцијата по сопствено барање.

Смртта на Федотов е трет случај за само една недела. Пред два дена, Борис Авакјан, висок функционер кој избега од суд во Санкт Петербург, беше пронајден мртов во ерменскиот конзулат – според прелиминарни информации, станува збор за самоубиство. На 20 септември, на периферијата на Москва беше пронајдено телото на Александар Тјунин (50), генерален директор на фирма поврзана со државниот нуклеарен гигант Росатом.

CATEGORIES
TAGS
Share This