ТРЕНЕРСКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА Конте пред заминување од Наполи?

Антонио Конте, стратегот кој минатата сезона го водеше Наполи до титулата Скудетo, се наоѓа во тешка ситуација на почетокот на новата сезона. По два последователни порази, првиот од Торино со 1-0 во Серија А и вториот, шокантен, 6-2 од ПСВ во Лигата на шампионите, се појавија знаци на напнатост во соблекувалната, што создаде сомнежи за способноста на Конте да го води тимот.
Ситуацијата дополнително се комплицира со новото засилување, Ноа Ланг. Холандскиот напаѓач, кој дојде со големи очекувања, поголемиот дел од времето го поминува на клупата, а во медиумите отворено изразува незадоволство, тврдејќи дека Конте го игнорира и не знае што да направи за да добие шанса на теренот. Ова незадоволство меѓу играчите само го зголемува притисокот врз претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Според последните информации, Де Лаурентис е во контакт со Роберто Манчини, поранешниот селектор на италијанската репрезентација, кој наводно чека повик за враќање во Наполи. Сите погледи сега се насочени кон Де Лаурентис, чие решение може да има далекосежни последици за текот на сезоната. Шпекулациите за можноста Конте да биде заменет стануваат сè погласни, а Наполи се наоѓа на крстопат.


