Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.
Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.
СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.
Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува достоинствено да живеат.
За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари.
Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес за достоинствен живот на сите пензионери.



