ТРАМП ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН МОСКВА Пресудна била проценката на Марко Рубио

Ова, според извори запознаени со ситуацијата, ја потврдува сè поголемата улога на Рубио во креирањето на американската надворешна политика.

ТРАМП ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН МОСКВА Пресудна била проценката на Марко Рубио
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по месеци одложување, ги воведе првите директни санкции против Москва. Според извори на агенцијата Блумберг, клучна улога во тој пресврт одиграл државниот секретар Марко Рубио.

Американски и европски претставници велат дека одлуката следела по проценката на Рубио дека Русија не покажува никаква подготвеност да го промени својот став околу војната во Украина. По разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Рубио ја откажал планираната средба, оценувајќи дека Москва намерно ги одложува разговорите за прекин на огнот.

Ова, според извори запознаени со ситуацијата, ја потврдува сè поголемата улога на Рубио во креирањето на американската надворешна политика.

Иако дел од функционерите го истакнуваат неговото влијание, портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, нагласи дека Трамп останува носител на одлуките за надворешната политика, а тимот за национална безбедност во кој се Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф делува како единствена целина.

Со новиот пакет санкции беа опфатени најголемите руски нафтени компании, меѓу кои и „Роснефт“ и „Лукоил“. Истовремено, Трамп најави продолжување на дипломатските контакти вклучително и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски оставајќи ја отворена можноста за идни преговори со Москва.

„САД остануваат отворени за ангажман доколку постои реална можност за постигнување мир“, изјави Рубио, додавајќи дека претходните разговори меѓу Трамп и Путин често завршувале без конкретни резултати.

CATEGORIES
TAGS
Share This