ТРАМП ВОСКРЕСНА КАКО ИСУС – Шокантно споредување на Трамп со Исус

Верската советничка на Трамп предизвика бура реакции со споредбата со Исус Христос.

ТРАМП ВОСКРЕСНА КАКО ИСУС – Шокантно споредување на Трамп со Исус
Фото: Принтскрин

Паула Вајт, верскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи откако го спореди Трамп со Исус Христос.

Во својот говор, Вајт рече дека Исус ги научил луѓето на „важни лекции преку својата смрт, погреб и воскресение“ и дека „големата трансформација бара голема жртва“. Таа додаде дека Трамп бил предаден, уапсен и лажно обвинет, но исто како Исус, според неа, тој „воскреснал и ќе победи во сè што ќе започне“.

Нејзините зборови предизвикаа критики на социјалните мрежи, каде што многумина го оценија говорот како „богохулство“ и „лудило“.

Вајт, која раководи со Канцеларијата за верски прашања во Белата куќа, претходно изјави дека жените мора да им се „покорат“ на мажите и често бара донации од своите следбеници за „натприродни благослови“.

Минатата година, таа ги повика следбениците да донираат 1.000 долари до Велигден за да добијат „седум специфични натприродни благослови“ кои вклучуваат, божја заштита, победа над непријателите, просперитет и исцелување од болести.

Во март 2020 година, Вајт беше најавена како главен говорник на религиозна конференција во Феникс, Аризона, каде ветуваше „натприродна заштита од коронавирусот“ и „лек за секој вирус и чума“, но по негативните реакции се повлече од настанот.

Во видеа од нејзината служба, Paula White Ministries, Вајт објаснува дека овие благослови можат да се добијат преку „почитување на Бога“ и упатува на Книгата Излез, а донациите се мотивираат како „велигденски прилог“ што може да вклучува и кристален крст.

CATEGORIES
TAGS
Share This