ТРАМП ТВРДИ – Еден повик може да го спаси буџетот на ОН
Високи претставници на ОН предупредуваат дека организацијата може да се соочи со намалување на операциите или затворање на седиштето во Њујорк.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека може лесно да го реши финансискиот проблем на Обединетите нации со тоа што ќе ги натера земјите кои не ја платиле членарината да го сторат тоа веднаш.
Во телефонски разговор за „Политико“, Трамп рече дека не е свесен дека САД не ги исполнуваат сите свои обврски кон ОН. Тој е уверен дека може брзо да ги реши финансиските проблеми на организацијата, но само ако ОН го побара тоа. Сепак, не кажа дали Соединетите држави ќе ги вратат долгованите милијарди.
„Сè што треба да направам е да ги повикам овие земји… тие ќе испратат чекови за неколку минути“, изјави Трамп.
Високи претставници на ОН предупредија дека организацијата би можела да биде принудена да ги намали операциите или дури да го затвори седиштето во Њујорк ако остане без пари.
Трамп додаде дека ОН ќе можат да решаваат воени конфликти кога тој повеќе нема да го прави тоа. Претходно, во двата мандати, тој се повлече од бројни мултилатерални институции и во јануари потпиша извршна наредба за повлекување на САД од 66 организации, агенции и комисии, вклучувајќи ја и агенцијата за население на ОН и договорите за меѓународни климатски преговори.

