ТРАМП ТВРДИ ДЕКА МОЖЕ ДА ПОСРЕДУВА ВО УКРАИНА Најавува санкции за Русија ако не се постигне прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе нови економски санкции против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не прифати прекин на огнот во Украина.

ТРАМП ТВРДИ ДЕКА МОЖЕ ДА ПОСРЕДУВА ВО УКРАИНА Најавува санкции за Русија ако не се постигне прекин на огнот

„Сакаме ова да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски, бидејќи нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека светска војна не е опција, но предупреди дека доколку Москва не отстапи, ќе следи „економска војна“ со сериозни последици по руската економија.

Иако не постави конкретна временска рамка за воведување на новите санкции, Трамп нагласи дека постои можност за медијација и дипломатско решение на конфликтот.

Американскиот претседател, кој повеќе пати претходно најавуваше можни санкции кон Русија, повторно оцени дека украинскиот лидер Володимир Зеленски сноси дел од одговорноста за војната.

„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко“, изјави Трамп, додавајќи дека и понатаму верува во својата улога во постигнување договор за запирање на конфликтот.

Според Си-Ен-Ен, претседателот веќе неколкупати се заканувал со вакви мерки, но досега го одложувал нивното спроведување.

CATEGORIES
Share This