ТРАМП СО УЛТИМАТУМ – Подобро веднаш да престанат

Вашингтон тврди дека постоел договор кој Техеран не го почитува.

ТРАМП СО УЛТИМАТУМ – Подобро веднаш да престанат
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го обвини Иран дека се однесува „многу лошо“ и „нечесно“ во однос на управувањето со транзитот на нафта низ Ормускиот теснец, тврдејќи дека тоа не е во согласност со, како што рече, постојниот договор меѓу двете страни.

На својата мрежа Truth Social, Трамп изјави дека Иран „работи многу лошо“ и дозволува нафтата да поминува низ стратешкиот теснец на начин кој, според него, не е договорен.

Тој претходно порача дека Иран не треба да наплаќа такси за танкерите што минуваат низ Ормускиот теснец, предупредувајќи дека „подобро е тоа да не го прават, а ако веќе го прават подобро веднаш да престанат“.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп ја споменал и идејата САД евентуално да наплаќаат за премин на бродови низ теснецот, додавајќи дека ова прашање ќе биде предмет на понатамошни разговори во наредните денови.

Од друга страна, Иран претходно соопшти дека САД наводно прифатиле предлог од 10 точки на Техеран, кој, меѓу другото, вклучува промени во контролата врз Ормускиот теснец.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This