ТРАМП СО ЈАСНА ПОРАКА – Штом завршиме со Иран на ред е Куба
Трамп ја оцени ситуацијата во Куба како катастрофална и најави внимание по операцијата во Иран.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја опиша ситуацијата во Куба како „катастрофална“ и истакна дека САД ќе се посветат на неа откако ќе заврши операцијата против Иран.
На самитот „Штит на Америка“ во Флорида, Трамп рече:
„Тие ќе имаат прекрасен нов живот, но сега умираат. Сепак, нашиот фокус е на Иран во моментов.“
Тој додаде дека Куба е заинтересирана за преговори со него и со американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Покрај тоа, Трамп објави дека САД официјално ја признаваат сегашната влада на Венецуела.
Во присуство на лидери од повеќе од десетина латиноамерикански земји, претседателот потпиша проглас за формирање воена коалиција за борба против нарко-картелите.
Трамп нагласи дека САД располагаат со напредно оружје и се подготвени да го распоредат ако тоа го побараат земјите од регионот:
„Сè што треба да направите е да ни кажете каде се.“


