ТРАМП ШОКИРАН ОД МЕДВЕДЕВ Нуклеарно оружје за Иран

Изјавата на Медведев предизвика бурни реакции во меѓународната јавност, особено поради сериозноста на сугестијата дека нуклеарното оружје би можело да се најде во рацете на Техеран преку меѓудржавни договори.

ТРАМП ШОКИРАН ОД МЕДВЕДЕВ Нуклеарно оружје за Иран
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на вчерашната изјава на рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, кој предупреди дека повеќе земји, поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток, се подготвени да му го предадат своето нуклеарно оружје на Иран.

Преку својата објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп саркастично се осврна на оваа опасна претпоставка, фокусирајќи се особено на „изговарањето на н-зборот“ – нуклеарно.

„Дали навистина го рече тоа, или е само плод на мојата имагинација? Ако навистина го кажал, и ако тоа е потврдено, ве молам веднаш известете ме“, напиша Трамп во свој стил.

Изјавата на Медведев предизвика бурни реакции во меѓународната јавност, особено поради сериозноста на сугестијата дека нуклеарното оружје би можело да се најде во рацете на Техеран преку меѓудржавни договори.

CATEGORIES
TAGS
Share This