ТРАМП ПО ЗАРОБУВАЊЕТО НА МАДУРО – Не би го апсел засега и Путин
Коментарите на поранешниот американски претседател доаѓаат во време на глобална неизвесност

Фото: Архива
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не смета оти апсењето на рускиот претседател Владимир Путин би било потребно.
Трамп зборуваше за ова пред новинарите за време на состанок со раководителите на големите нафтени компании, откако беше прашан дали би презел слични мерки против Русија како оние што ги користеше во Венецуела против претседателот Николас Мадуро.
„Отсекогаш сум имал одличен однос со него. Многу сум разочаран. Завршив осум војни. Мислев дека оваа ќе биде некаде на средина или можеби една од полесните“, рече Трамп.
Тој додаде дека е оптимист за можноста за постигнување договор кој би ја завршил војната во Украина.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


