ТРАМП ОТКРИВА – Мир со Иран може да биде постигнат утре
Претседателот тврди дека страните веќе преговараат и дека мирот е на дофат.

Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека верува оти САД би можеле да постигнат договор за мирно решавање на конфликтот до утре, понеделник.
„Постои голема веројатност тоа да се случи наскоро, бидејќи страните веќе преговараат“, рече Трамп, според новинарот Треј Јангст.
Трамп исто така додаде дека Вашингтон на почетокот на 2026 година испратил оружје на иранските демонстранти преку Курдите, но според него, оружјето било задржано од нив.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест
