ТРАМП НАЈАВУВА – Крајот на војната со Иран е блиску
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД се многу пред почетниот план од четири до пет недели во конфликтот со Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран е „речиси завршена“ и дека САД се движат многу побрзо од првично предвидениот рок.
Како што објави дописничката на CBS News, повикувајќи се на интервју со Трамп, американскиот претседател оценил дека иранските воени капацитети се сериозно ослабени.
„Мислам дека војната е речиси завршена. Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили“, изјавил Трамп.
Тој додал дека САД се „многу понапред“ од почетниот план, според кој операциите требало да траат од четири до пет недели.
Говорејќи за можните промени во врвот на иранското раководство, Трамп посочи дека нема порака за потенцијалниот нов врховен лидер, Моџдаб Хамнеи. Според него, постои кандидат кој би можел да го наследи лидерот Али Хамнеи, но не откри дополнителни детали.


