ТРАМП НАЈАВИ НОВА ВОЈНА 100% царини за кинеските производи

ТРАМП НАЈАВИ НОВА ВОЈНА 100% царини за кинеските производи

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори трговската фронта со Кина, најавувајќи воведување на дополнителни 100 проценти царини за кинеските стоки, како одговор на ограничувањата што Пекинг ги воведе во секторот за ретки минерали – критичен за американската индустрија и одбранбениот сектор.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп порача дека новите давачки ќе стапат на сила на 1 октомври или порано, зависно од развојот на ситуацијата.

„Ова важи за сите земји, без исклучок. Тоа е нешто што го планираа со години – нечуено во меѓународната трговија и морално срамно за односите меѓу државите“, напиша Трамп, додавајќи дека мерката е неопходен одговор на, како што рече, „невидените кинески потези“.

Вашингтон ја обвинува Кина дека со контролата на извозот на ретки минерали се обидува да изврши економски и геополитички притисок, особено врз САД и нивните сојузници. Новиот потег на Трамп, кој доаѓа во чувствителен момент за глобалната економија, би можел да предизвика нова трговска ескалација и да ја зголеми неизвесноста на пазарите.

CATEGORIES
Share This