ТРАМП ИЗЈАВИ ДЕКА „ПОБЕДИЛЕ“ ВО ВОЈНАТА ВО ИРАН Операциите ќе продолжеле додека работата не биде целосно завршена

Говорејќи на настан во Кентаки, Трамп рече дека американската војска во изминатите 11 дена нанела силни удари врз Иран и онеспособила 58 ирански воени бродови.

ТРАМП ИЗЈАВИ ДЕКА „ПОБЕДИЛЕ“ ВО ВОЈНАТА ВО ИРАН Операциите ќе продолжеле додека работата не биде целосно завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „победиле“ во војната со Иран, но нагласи дека воените операции ќе продолжат сè додека „работата не биде целосно завршена“.

Говорејќи на настан во Кентаки, Трамп рече дека американската војска во изминатите 11 дена нанела силни удари врз Иран и онеспособила 58 ирански воени бродови.

Регионалните тензии ескалираа на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, при што, според наводите, загинале повеќе од 1.300 луѓе.

Трамп истакна дека САД не сакаат прерано да прогласат победа, но дека операцијата веќе постигнала голем успех.

CATEGORIES
Share This