ТРАМП ИЗЈАВИ ДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА УНИШТИЛЕ НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА НА ИРАН следната недела ќе разговарал си нив
И покрај изјавите на Трамп, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, потврди дека според доверливи извори, Иран претрпел значителна штета, но не целосно уништување.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите на САД врз ирански нуклеарни објекти довеле до „тотално уништување“ на иранската програма, тврдејќи дека тоа е „победа за сите“. Тој додаде дека Иран сега нема да се осмели повторно да развива нуклеарно оружје.
Изјавата ја даде на самитот на НАТО во Хаг, каде најави можни разговори со Иран следната недела, но посочи дека не гледа итна потреба од нов договор. „Можеби ќе потпишеме договор. Не знам. Не мислам дека е потребно“, рече Трамп.
И покрај изјавите на Трамп, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, потврди дека според доверливи извори, Иран претрпел значителна штета, но не целосно уништување. Според него, ќе бидат потребни години за обновување на дел од нуклеарната инфраструктура.
Израелската нуклеарна агенција оцени дека нападите сериозно ја уназадиле иранската нуклеарна способност, што го потврди и Белата куќа. Сепак, Трамп истакна дека не се потпира на израелските информации.
Иран со децении ги негира обвинувањата дека развива нуклеарно оружје. Разговорите најавени за следната недела остануваат без детали за времето, местото или учесниците.


