ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ОСТВАРИЈА ПРИВАТНА СРЕДБА ПРЕД ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА ФРАЊО Имало многу продуктивен разговор

Ова е прва средба меѓу Трамп и Зеленски по нивниот бурен состанок во Овалната соба кон крајот на февруари, кога украинскиот лидер беше критикуван што не изразил јасна благодарност за американската поддршка кон Украина.

ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ОСТВАРИЈА ПРИВАТНА СРЕДБА ПРЕД ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА ФРАЊО Имало многу продуктивен разговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и поранешниот американски претседател Доналд Трамп остварија средба во италијанската престолнина, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери имале „многу продуктивен разговор“, нагласувајќи дека дополнителни детали за нивната дискусија ќе бидат објавени подоцна. Средбата, која првично беше планирана да се одржи во американската амбасада, неочекувано се премести на територијата на Ватикан. Портпаролот на Зеленски исто така средбата  ја оцени како значајна.

Ова е прва средба меѓу Трамп и Зеленски по нивниот бурен состанок во Овалната соба кон крајот на февруари, кога украинскиот лидер беше критикуван што не изразил јасна благодарност за американската поддршка кон Украина.

Трамп, кој активно притиска за постигнување прекин на огнот, изјави дека разговорите меѓу неговиот претставник и руското раководство се одвиваат позитивно. Тој повика на организирање состанок на високо ниво меѓу Киев и Москва со цел финализирање на мировен договор. Притоа, Трамп ја предупреди двете страни дека администрацијата на САД ќе се повлече од мировниот процес доколку не биде постигнат напредок во најскоро време.

Да потсетиме, оааа недела, Трамп изјави дека Зеленски „нема преговарачки карти“ за постигнување мировен договор со Русија, дополнително истакнувајќи ги тешкотиите со кои се соочува украинската дипломатија.

Ова е прва средба меѓу Трамп и Зеленски по нивниот бурен состанок во Овалната соба кон крајот на февруари, кога украинскиот лидер беше критикуван што не изразил јасна благодарност за американската поддршка кон Украина.

CATEGORIES
Share This