ТРАМП И НУКЛЕАРНИТЕ ТЕСТОВИ Политичка драма или реална закана?

Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можната обнова на тестирањето на нуклеарно оружје се само политичка драма, тврди американскиот политички коментатор и водител на Russia Up Close, Еди Гонзалес. Според него, Трамп користи вакви изјави за да ги задоволи своите поддржувачи и да ја истакне воената моќ на Америка пред светот.
Гонзалес вели: “Трамп е класичен шоу мен, кој секогаш ја користи секоја можност за да демонстрира моќ. Не му се допаѓа кога Русија го надминува, и кога Москва тестира нови системи за испорака, неговиот инстинкт е: ‘Ако тие можат, и ние можеме’.” Овие изјави, според експертот, служат за политички цели, особено за да им покажат на поддржувачите во САД дека Трамп не се повлекува пред никого, вклучувајќи ги и лидерите како што е венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Гонзалес предупредува дека обнова на тестовите на нуклеарно оружје од страна на САД може да предизвика нова глобална трка во вооружувањето. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин останува смирен и потврдува дека Русија продолжува да се придржува на Договорот за забрана на тестирање, нагласувајќи дека ќе реагира само ако САД први започнат со тестови.
На 5 ноември, Путин им наложи на клучните агенции, вклучувајќи го Министерството за одбрана и безбедносните служби, да подготват предлози за можната обнова на нуклеарните тестови, како одговор на Трамп, кој го овласти Пентагон да ги обнови тестовите, тврдејќи дека други земји веќе ги спроведуваат.
Сепак, Трамп не прецизираше дали тоа вклучува реални нуклеарни детонации. Оваа ситуација создава дополнителни тензији во глобалната безбедносна архитектура, а експертите предупредуваат на можни последици од ваквите изјави и дејствија.

