ТРАМП ГО УДРИ МАСК КАДЕ ШТО БОЛИ Претседателот размислува да го депортира Елон Маск
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали ќе го депортира милијардерот Елон Маск, поранешен специјален службеник во неговата администрација и лидер на Одделот за владина ефикасност (DOGE).

Емили Гудин, дописничка на британскиот „Дејли Меил“, на социјалната мрежа X го праша Трамп дали планира да го депортира Маск. Претседателот одговори:
„Не знам. Ќе треба да видиме. Можеби ќе мора да му испратиме DOGE кај Елон. Дали знаете што е DOGE? Тоа е чудовиште што можеби ќе мора да се врати и да го изеде Елон.“
Трамп додаде и дека „не секој сака електричен автомобил“, alудирајќи на компанијата „Тесла“ на Маск која произведува токму такви возила.
„Не го сакам. Можеби сакам бензински автомобил, можеби хибриден, или еден ден водороден. Но, има еден проблем со водородниот автомобил – експлодира. Па можеби ќе му го дадам на Питер (Наваро), нека го земе,“ рече тој, со шега насочена кон својот поранешен советник.