ТРАМП ГО ШОКИРА ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ – Навивачи од Африка со финансиски услов за влез во САД

Депозит од 15.000 долари за да ги гледате мечевите.

ТРАМП ГО ШОКИРА ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ – Навивачи од Африка со финансиски услов за влез во САД
Фото: Принтскрин

Со приближувањето на Светското првенство во фудбал, се интензивираат и контроверзиите околу политиките на американската администрација, предводена од Доналд Трамп. Најновата иницијатива веќе предизвика силни реакции во спортската јавност.

Според најавите, навивачите од Алжир, Сенегал, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска и Тунис би можеле да се соочат со сериозна финансиска пречка поради депозит од 15.000 долари како услов за влез во САД за време на турнирот. Властите ја оправдуваат оваа мерка како обид да се спречи можноста за нелегално останување по завршувањето на првенството.

Иако одлуката сè уште не е официјализирана, самата најава отвори широка дебата за потенцијална дискриминација и селективен пристап, што предизвика незадоволство кај навивачите и дел од фудбалската јавност.

Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули.

CATEGORIES
Share This