ТРАМП ГИ СУСПЕНДИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО КАНАДА Причината е реклама со Роналд Реган
Американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше трговските преговори со Канада, поради реклама од владата на Онтарио во која се користи говор на Роналд Реган од 1987 година против царините.

Трамп на Truth Social обвини дека Канада „измамнички“ ја користела снимката и тврди дека рекламата е обид да се влијае врз Врховниот суд на САД, кој во ноември ќе разгледува дали тој имал право да воведе царини. „Царините се клучни за националната безбедност и економијата“, напиша Трамп.
Онтарио најави дека ќе потроши 75 милиони канадски долари за кампањата. Премиерот Даг Форд изјави дека „рекламата само ја пренесува пораката на најдобриот претседател што САД некогаш го имале – Роналд Реган“.
Реган, претседател од 1981 до 1989 година, останува симбол на конзервативните вредности во Републиканската партија.
CATEGORIES Свет

