ТРАМП ГИ ОДЛАГА ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА ЗА ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ, ОСВЕН ЗА КИНА: „На Кинезите им ги покачувам царините на 125 отсто“

Врз основа на непочитувањето на Кина кон светските пазари, со ова ја зголемувам тарифата што Соединетите Американски Држави и ја наплаќаат на Кина на 125%, со моментално стапување во сила

ТРАМП ГИ ОДЛАГА ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА ЗА ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ, ОСВЕН ЗА КИНА: „На Кинезите им ги покачувам царините на 125 отсто“

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, со моментален ефект, како и паузирање на царините за другите земји за 90 дена со значително намалена реципрочна тарифа во тој период, од 10%, која исто така стапува во сила веднаш.

„Врз основа на непочитувањето на Кина кон светските пазари, со ова ја зголемувам тарифата што Соединетите Американски Држави и ја наплаќаат на Кина на 125%, со моментално стапување во сила. Во одреден момент, се надевам дека во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на грабеж на САД и другите земји се неприфатливи и неодржливи“.

„Од друга страна, и имајќи предвид дека повеќе од 75 земји контактираа со претставници на Соединетите Држави, вклучително и министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, за да преговараат за решавање на теми поврзани со трговијата, трговските бариери, тарифите, манипулацијата со валутата и нефинансиските тарифи – и дека тие земји по мојот силен совет на кој било начин не возвратија на САД – овластувам ПАУЗА во траење од 90 дена, како и значително намалување на реципрочна царина во тој период, од 10%, која исто така стапува во сила веднаш“.

CATEGORIES
Share This