ТРАМП ДО СТАРМЕР – Касно е, веќе победивме во Иран и не ни требате

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток, но дека тие не ѝ се потребни во евентуална војна против Иран.
Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social:
„Обединетото Кралство, нашиот некогашен голем сојузник, можеби најголемиот од сите, сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток. Точно така, премиере Стармер, повеќе не ни се потребни, но ќе ги паметиме. Не ни требаат луѓе што се приклучуваат на војни откако веќе ќе победиме!“
Владата на Велика Британија не учествувала во офанзивни операции против Иран и не дала ветување дека ќе го стори тоа, објави Би-Би-Си.
Претходно, еден носач на авиони беше ставен во состојба на готовност за евентуално распоредување во регионот.
И покрај тоа, Велика Британија им дозволи на САД да ги користат нејзините бази за одбранбени операции.


