ТРАМП БАРА ОСТАВКА ОД ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ИНТЕЛ – Соработувал тајно со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп побара итна оставка од извршниот директор на „Интел“, Лип-Бу Тан, обвинувајќи го за наводни врски со кинески компании, вклучително и фирми поврзани со кинеската војска. Во објава на платформата Truth Social, Трамп изјави дека овие врски претставуваат ризик за националната безбедност.
Веднаш по неговата изјава, акциите на „Интел“ паднаа за 3%. Според „Reuters“, Тан — кој ја презеде функцијата во март 2025 година — инвестирал над 200 милиони долари во стотици кинески технолошки компании, од кои осум наводно имаат поврзаност со воените власти во Пекинг.
Обвиненијата дојдоа еден ден откако сенаторот Том Котон испрати писмо до претседателот на одборот на „Интел“ барајќи појаснување дали Тан ги продал своите удели за да се избегне конфликт на интереси.
Котон потсети и на неодамнешниот случај против поранешната компанија на Тан, „Cadence Design Systems“, која се согласи да плати 140 милиони долари поради прекршување на американските извозни контроли со продажба на технологија на кинески воен универзитет.


