ТРАГИЧЕН ИНЦИДЕНТ ВО ШТИП Пиротехничар тешко повреден при огномет

На првиот ден од новата година, во 00:10 часот, во Секторот за внатрешни работи Штип, пријавен е инцидент на тврдината Исарот. При изведба на огномет, тешко се повредил В.Г. (69) од Гостивар, овластен пиротехничар кој работел за правен субјект од неговиот роден град. Имајќи одобрение за изведба на огномет, тој за жал, се здобил со сериозна телесна повреда.
Повредениот пиротехничар е пренесен во Клиничка болница Штип, каде му е укажана медицинска помош. Настанот веднаш е пријавен до јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а увид во местото на настанот извршила специјализирана екипа од СВР Штип. Се чекаат дополнителни информации за околностите под кои се случил овој инцидент.
CATEGORIES Македонија


