ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Велосипедист прегазен, возачот во бегство

Несреќата се случила околу пладне, а од ударот велосипедистот починал на самото место.

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Велосипедист прегазен, возачот во бегство
Фото: Принтскрин

Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал велосипедист.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист.

Од последиците на несреќата, велосипедистот починал на самото место. Возачот, пак, по инцидентот го напуштил местото и го оставил возилото.

Во тек е увид, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот. Поради несреќата, сообраќајот на булеварот е пренасочен.

CATEGORIES
Share This