ТРАГЕДИЈА ВО ПРИЛЕП – Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат
Потрагата заврши со трагичен исход за 39-годишниот прилепчанец.

Фото: Принтскрин
Роднините и пријателите на социјалните мрежи се збогуваат со 39-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, кој претходно беше пријавен за исчезнат.
Неговата мајка, Роза Илиоска, сподели тажна порака објавувајќи дека нејзиниот син починал.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.
Виктор исчезна во саботата околу 14 часот, а семејството апелираше за помош во неговата потрага. За неговото исчезнување полицијата беше известена од таткото, 69-годишниот Д.И., во неделата попладне.
CATEGORIES Македонија


