ТРАГЕДИЈА ВО ПЛАНИНИТЕ МАРА ВО СУДАН – Над 1.000 загинати во лизгање на земјиште
Несреќата се случила по неколкудневни поројни дождови, при што поголемиот дел од селото бил уништен, а, според групата, преживеал само еден жител.

Најмалку 1.000 луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиште во оддалеченото село Тарасин во планините Мара, западен Судан, јавува BBC News повикувајќи се на бунтовничката група Суданско ослободително движење/Армија (SLM/A).
Несреќата се случила по неколкудневни поројни дождови, при што поголемиот дел од селото бил уништен, а, според групата, преживеал само еден жител.
SLM/A упати итен апел за хуманитарна помош до Обединетите нации и меѓународната заедница. Регионот веќе е засолниште за раселени лица од Северен Дарфур поради вооружениот конфликт меѓу суданската армија и паравоените сили RSF.
Судан од април 2023 година е во граѓанска војна која предизвика огромна хуманитарна криза. Според проценки, над 150.000 луѓе се убиени, а околу 12 милиони се принудени да ги напуштат своите домови.


