ТРАГЕДИЈА ВО КОСТА РИКА Се удави американскиот актер Малком-Џамал Ворнер кој глумеше во „The Cosby Show“
Несреќата се случила додека Ворнер пливал во океанот, кога го зафатила силна струја.

Американскиот актер Малком-Џамал Ворнер, познат по улогата на Тео Козби во серијата „The Cosby Show“, почина на 54 години за време на одмор во Коста Рика.
Според светските медиуми, актерот се удавил откако го зафатила силна струја додека пливал. Иако бил извлечен на брегот и му била укажана прва помош, медицинскиот тим можел само да ја констатира смртта.
Со него бил уште еден маж, кој се наоѓа во критична состојба во болница.
Ворнер се прослави во 1980-тите со „The Cosby Show“, а подоцна глумеше во серии како „The Resident“, „Suits“ и „9-1-1“. Беше оженет и имаше ќерка, но својот приватен живот го чувал далеку од јавноста.
CATEGORIES Сцена


