ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА Деветгодишно девојче со македонско потекло се удави во реката Пјаве

Несреќата се случила околу 16 часот за време на семеен излет покрај реката Пјаве.

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА Деветгодишно девојче со македонско потекло се удави во реката Пјаве

Тешка несреќа ја потресе италијанската општина Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, каде вчера попладне животот го загуби деветгодишно девојче со потекло од Македонија, јавува „Ла Трибуна ди Тревизо“.

Несреќата се случила околу 16 часот за време на семеен излет покрај реката Пјаве. Девојчето си играло на камењата со други деца, кога се лизнала и паднала во реката. Силната струја веднаш ја повлекла, а таа исчезнала пред очите на родителите и бројните сведоци.

На местото на настанот брзо пристигнале итни служби, противпожарни екипи, карабинери и нуркачи. По повеќе од два часа потрага, околу 18:30 часот, телото на девојчето било пронајдено меѓу камења во реката.

Градоначалникот на Сан Џакомо ди Педероба и неговата заменичка изразија длабоко сочувство до семејството, нагласувајќи дека локалната заедница ќе пружи целосна поддршка во овие исклучително тешки моменти.

CATEGORIES
Share This