ТРАГЕДИЈА ВО АТИНА – Авторката на серијата Техеран пронајдена мртва во Атина
Дана Еден престојувала во грчката престолнина поради снимањето на новата сезона од серијата „Техеран“.

Израелската продуцентка Дана Еден (52), креаторка на наградуваната шпионска серија Техеран, беше пронајдена мртва во хотел во центарот на Атина. Според првичните, неофицијални информации од грчката полиција, се претпоставува дека станува збор за самоубиство.
Еден престојувала во грчката метропола поради снимањето на четвртата сезона од серијата, која се прикажува на Apple TV и во 2021 година ја освои меѓународната награда Еми. Таа беше меѓу клучните иницијатори Атина да се користи како филмска локација што визуелно го заменува Техеран.
Нејзината продуцентска куќа, Donna and Shula Productions, веднаш реагираше со соопштение во кое ги отфрли шпекулациите:
„Ги сметаме за лажни и неосновани тврдењата дека смртта на Еден е поврзана со криминал или национализам“.
Од компанијата апелираа јавноста да се воздржи од шпекулации во овие трагични моменти.


