ТРАГЕДИЈА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА Млад шпански возач загина

ТРАГЕДИЈА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА Млад шпански возач загина

Во шпанскиот велосипедски свет владее тага по трагичната смрт на 17-годишниот велосипедист Иван Мендез Лук, кој загина за време на втората етапа од велосипедската трка Вуелта а Испана за младинци. Несреќата се случи во саботата, кога повеќе од 20 возачи паднаа на патот од Ланге де Дуеро до Лагуна Негра во регионот Кастилја и Леон. Како последица на падот, 18 од нив беа хоспитализирани, а тројца се здобија со сериозни повреди. Најтешко помина Мендез, кој подлегна на повредите.

Организаторите на трката веднаш ја прекинаа натпреварувачката активност по оваа трагедија. Во официјалното соопштение, тие изјавија: “Вуелта Рибера ги прекинува своите активности поради смртта на возачот. Нашите мисли и поддршка се со неговото семејство и пријателите.” Состојбата на другите возачи кои учествуваа во несреќата сè уште не е позната.

Оваа трагедија е втората ваква во краток период, откако претходно загина 19-годишниот Италијанец Самуеле Привитера за време на трка во Вал д’Аоста. Велосипедскиот свет продолжува да се соочува со тешки моменти, а загубата на младите таленти е особено болна.

CATEGORIES
Share This