ТРАГАТА МУ СЕ ГУБИ ВО УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ Исчезнат 36 – годишниот Владимир Бурев од Штип
Семејството ги повикува сите граѓани кои располагаат со било каква информација поврзана со неговото движење или моментална локација, да се обратат во најблиската полициска станица или директно да стапат во контакт со некој од неговите блиски.

Фото: Социјални мрежи
Семејството на 36-годишниот Владимир Бурев од Штип упати апел до јавноста за помош во неговото пронаоѓање, откако тој исчезнал вчера во раните утрински часови.
Според информациите објавени на социјалните мрежи, Бурев го напуштил својот дом во четири часот наутро и оттогаш му се губи секаква трага. Последен пат бил виден облечен во црни тренерки.
Семејството ги повикува сите граѓани кои располагаат со било каква информација поврзана со неговото движење или моментална локација, да се обратат во најблиската полициска станица или директно да стапат во контакт со некој од неговите блиски.
Исчезнувањето предизвика загриженост кај јавноста, а апелот за помош интензивно се споделува на социјалните мрежи.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


