ТРАДИЦИОНАЛНИ НОСИИ НА МАЛЦИНСТВАТА ВО КОРЧА – Завршен настан на проектот
Презентација на македонските, влашките и ромските носии и промоција на брошура за нивното културно наследство

Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет и со поддршка на Комитетот за национални малцинства, организира завршен настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.
На настанот ќе бидат презентирани традиционалните носии на трите национални малцинства, изработени со голема посветеност и љубов кон културното наследство од познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Исто така, ќе биде промовирана и информативна брошура која ја обработува историјата, значењето и идентитетот на овие носии, подготвена од Васил Стерјовски.
Настанот се одржа денеска (6.12.) во Библиотека „Битолски конгрес“, Педагошки факултет – Корча.
Покрај Македонците од регионот и пошироко, присуствуваа и бројни гости од институциите на округот Корча и од локалната власт.


