TOYOTA ВОВЕДУВА ПАМЕТНО ПОЛНЕЊЕ ВО ЕВРОПА Револуција во електричната мобилност

Toyota Motor Europe започнува интегриран EV екосистем кој ги поврзува мобилноста и енергетиката, со цел да им понуди на сопствениците на Toyota и Lexus plug-in и батериски возила паметно полнење дома, на работа и на пат. Првите услуги DSR ќе пристигнат во 2026. година, преку партнерства со водечките европски енергетски компании, што ќе донесе пониски сметки, пристап до обновлива енергија и поголема практичност за возачите на PHEV и BEV возила.
Како функционираат партнерствата? Toyota склучува стратешки договори со водечките европски енергетски провајдери, комбинирајќи ја својата експертиза во мобилноста со знаењето на енергетскиот сектор. Планираат дигитални услуги кои ќе овозможат флексибилност на мрежата и поголема интеграција на обновливите извори.
Првиот конкретен резултат ќе биде DSR во 2026. година, во Велика Британија (со British Gas) и Германија (со The Mobility House Energy). DSR ќе ја помести потрошувачката во времиња кога електричната енергија е поевтина и кога има повеќе зелена енергија, што директно ќе ги намали трошоците за корисниците.
Клиентите ќе добијат четири јасни предности: пониски сметки благодарение на полнењето во off-peak часови; паметно закажување и далечинско управување преку апликации; пристап до обновлива енергија кога е достапна; и награди за учество во балансирањето на мрежата. Овие функции ја зголемуваат практичноста и економичноста на поседувањето електрично возило.
DSR не помага само на поединците. Овој систем ја намалува потребата за скапи вршни термоелектрани, олеснува интеграцијата на ветерот и сонцето и ги намалува трошоците за проширување на мрежата. Со други зборови, паметното полнење станува алатка за по стабилна и по зелена електрична мрежа.
Toyota планира проширување на соработката и воведување на Vehicle-to-Grid (V2G) технологија. V2G им овозможува на возилата да враќаат енергија во мрежата, претворајќи ги во мобилни енергетски ресурси и отворајќи нови извори на приходи за сопствениците на возила.


