ТОЛУКА ПРОВОЦИРА, РАМОС ВОЗВРАЌА Вирален судир по полуфиналето

Толука со победа од 3:1 го елиминираше Монтереј од полуфиналето, а на социјалните мрежи избувна жестока расправија предизвикана од прославата на Серхио Рамос. Иако неговиот тим губеше, Рамос по постигнатиот гол замолчи со гестикулација, што Толука ја искористи за провокација со објава „Тишина, Пандилја веќе одмора“.
Објавата стана вирална и Шпанецот веднаш возврати – најпрво со споредба на бројот на следбеници (60 милиони наспроти 600 илјади), а потоа со фотографија од своите трофеи и порака: „Лавовите не го губат сонот поради мислењето на овците.“
Ова онлајн надмудрување дојде по последниот натпревар на Рамос за Монтереј. Тој заминува по 32 настапи и седум голови, а се шпекулира дека би можел да се врати во Европа.
CATEGORIES Фудбал


