ТНС ГО ОБВИНИ ШКЕНДИЈА ЗА РАСИЗАМ – Велшкиот клуб бара истрага поради навреди кон нивниот фудбалер

ТНС ГО ОБВИНИ ШКЕНДИЈА ЗА РАСИЗАМ – Велшкиот клуб бара истрага поради навреди кон нивниот фудбалер

По елиминацијата од Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, велшкиот фудбалски клуб ТНС (The New Saints) се пожали на расистички навреди упатени кон нивниот фудбалер Арамиде од страна на дел од домашните навивачи. Во соопштението објавено по натпреварот, клубот истакна дека расизмот нема место ниту во фудбалот ниту во општеството и изрази целосна поддршка за својот играч.

„Њу Сејнтс“ порача дека стојат цврсто покрај Арамиде и се горди што ја поддржуваат кампањата на УЕФА #NoToRacism, посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузивност и на теренот и надвор од него.

Натпреварот во Тетово заврши со победа на Шкендија од 2:1 по продолженија, со што македонскиот претставник се пласира во втората квалификациска рунда. Од УЕФА засега нема официјален коментар за обвинувањата.

CATEGORIES
Share This