ТИВОК И ДОСТОИНСТВЕН ЧИН Мицкоски со свеќи на гробовите на децата од Кочани
На гробиштата тој се сретна и со дел од родителите на починатите деца.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани ги посети гробиштата и запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот од 16 март, трагедија што ја зави Македонија во црно.
На гробиштата тој се сретна и со дел од родителите на починатите деца. Еден од нив, Тошо Антов, татко на едно од жртвите, преку социјалните мрежи го поздрави гестот на премиерот, оценувајќи го како „достоинствен и човечки“.
„Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сè човек. Денес така го доживеав и премиерот – како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно,“ напиша Антов.


