ТИШИНА ВО ГОНДОМАР – Се збогувавме со Диого Жота

Погребната церемонија се одржа денеска во португалскиот град Гондомар, каде што бројни пријатели, соиграчи и тренери се простија од Жота.

ТИШИНА ВО ГОНДОМАР – Се збогувавме со Диого Жота
Фото: Принтскрин

Фудбалскиот свет е завиен во црнина по трагичната сообраќајна несреќа што во четвртокот им ги одзеде животите на Диого Жота (28) и неговиот брат Андре Силва (25). Двајцата беа активни фудбалери и сакани личности во своите заедници.

Погребната церемонија се одржа денеска во португалскиот град Гондомар, каде што бројни пријатели, соиграчи и тренери се простија од Жота. Семејството побара приватност во овој тежок период, но изрази длабока благодарност за поддршката од навивачите и спортската јавност.

Особено трогателен гест дојде од Ливерпул. Капитенот Вирџил ван Дајк положи венец во форма на дрес со број 20 – бројот што Жота го носеше во клубот. Со него беше и Енди Робертсон, кој со солзи во очите изјави дека Жота за него бил многу повеќе од соиграч – вистински пријател.

На погребот присуствуваа и други членови од редовите на Ливерпул, како Џо Гомез, Дарвин Нуњез, спортскиот директор Ричард Хјуз и клупската легенда Мајкл Едвардс.

Својата почит ја искажаа и соиграчите од португалската репрезентација. Рубен Диас положи бела роза, симбол на младоста и неостварените соништа, а Бернардо Силва – негов близок пријател – тивко се збогуваше со него. Во Гондомар пристигнаа и Жоао Феликс, Бруно Фернандеш, Нелсон Семедо, селекторот Роберто Мартинез и фудбалскиот агент Жорже Мендеш.

Рубен Невес, кој ден претходно играше во финалето на Светското клупско првенство во САД, допатува во Португалија само за да му оддаде последна почит.

Жота зад себе остави трага не само на теренот, туку и во срцата на оние што имаа чест да го познаваат.

CATEGORIES
TAGS
Share This