ТИМЧО МУЦУНСКИ – Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека дипломатијата е прва опција, но дека одвраќањето е неопходно при сериозни безбедносни ризици.

ТИМЧО МУЦУНСКИ – Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
Фото: Национал

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи порача дека државата цврсто стои зад своите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток.

Тој истакна дека Соединетите Американски Држави јасно укажале оти дипломатијата секогаш е првиот избор, но дека одвраќањето останува клучен инструмент кога постојат сериозни и веродостојни безбедносни ризици.

„Безбедноста, стабилноста и одговорноста се неразделно поврзани“, нагласи Муцунски.

Во исто време, како што додаде, македонските амбасади и конзуларни тимови низ регионот се целосно ангажирани и активно работат на поддршка на граѓаните, со цел да се обезбеди нивната безбедност и целосна конзуларна помош.

CATEGORIES
Share This